Започна рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани. Во тек е гребење на асфалтот на потегот од спојот со улицата „14 Бригада“ кон спојот со улицата „Гоце Делчев“.

Избраниот изведувач „Стоименов“ ќе работи на потег долг 600 м, со ширина 5 метри. Рехабилитација опфаќа и дел од улицата „Христијан Карпош“ во Кочани.

Средствата во износ од 3.558.467 денари се од Буџетот на Општина Кочани.