На 13 јули, стотина планинари и вљубеници во природата учествуваа на планинарскиот марш до Раткова Скала.
Во организација на Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани, учесниците на маршот појдоа од локалитетот Аеродром, пешачеа до обележана патека и се искачија на надморска висина од 1250 м. Патеката беше долга 12 км во двата правца.
На манастирот „Св. Василиј Велики“ организаторот приреди ручек и планинарска дружба.
Петровденскиот планинарски марш се организира по 18. пат како дел од општинската програма за одбележување на Петровден.