Денеска, делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија предводена од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас оствари официјална посета во Општина Кочани и средба со в. д. градоначалникот Венко Крстевски.
На средбата се споделија информации за моменталната ситуација во Општината, како и предизвиците со кои се соочуваме. Од страна на в. д. градоначалникот и општинската администрација беа презентирани можностите и потенцијалите за развој на градот, со акцент на младите кои ќе бидат едни од главните приоритети на Општината во следниот период. Во рамките на средбата беше презентирана состојбата на Спомен-домот „АСНОМ“, како еден од капиталните објекти на градот, којшто во иднина треба да се реновира и да биде ставен во функција на младинските организации.
Се разговараше и за досегашната поддршка од страна на ЕУ која се однесува на изминати и тековни проекти поддржани од страна на ЕУ, но и за понатамошната заедничка соработка, поддршка во повеќе сегменти и проекти кои Општината допрва ќе ги има во иднина и ќе бидат од големо значење за развој на градот.