В петок, 25 април 2025 година, со почеток во 7 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 63. седница. На предлог-дневниот ред се две точки:

  1. Неотповиклива оставка од функцијата член на Советот на Општина Кочани
  2. Предлог-одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште за изградба на Дом за престој на стари лица во Кочани, намена А3-групно домување.

Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.