На продолжението на 61. вонредна седница што Советот на Општина Кочани го одржа денеска, беше донесен заклучок за задолжување на КЈП „Водовод“ в четврток, 20 март 2025 година да не организира пазарен ден, поради трагичниот настан од 16 март 2025 година.
Советот донесе одлука со која се одобрува користење финансиски средства во износ од 3 милиони денари од Буџетот на Општина Кочани за 2025 година, за помош на семејствата кои имаат починати лица и лица повредени во пожарот во дискотека „Пулс“.
Шеесет и првата седница Советот ја започна на 16 март 2025 година, кога поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на подрачјето на општина Кочани.