Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ одржа комеморација за покојните ученици во трагичниот настан на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во длабока тишина, ученици, професори, вработени во СОУ „Гошо Викентиев“ и претставници од Општина Кочани се потпишаа во книгата на жалоста и запалија свеќи за нивните прерано починати врсници Димитар Иванов и Леонид Велков.
Комеморативно обраќање пред присутните имаше Ненад Ѓорѓиев Вржалски, професор во СОУ „Гошо Викентиев“.