Локалниот младински совет на Општина Кочани ја одржа првата седница по неговото конституирање, на која поздравно обраќање пред младите имаше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
За претседател на Локалниот младински совет едногласно беше избран Гаврил Гацов, претставник на Младинската организација „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
За заменик-претседател е избрана Анабела Коцова, претставничка на политичкиот подмладок на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата беше изгласан Деловникот за работа на Локалниот младински совет на Општина Кочани.
Членовите на Локалниот младински совет дискутираа за изготвувањето на програмата по која ќе работи ова младинско тело и за натамошните активности.