В четврток, 6 март 2025 година, со почеток во 15 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 60. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Буџетски календар на Општина Кочани за 2026 година
  2. Годишна (завршна) сметка на Општина Кочани за 2024 година
  3. Годишен извештај на Општина Кочани за 2024 година
  4. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2024 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2024 година
  5. Предлог-одлука за утврдување Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани
  6. Предлог-одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план на парцелација за утврдување нова парцелација со намена А1 – домување во куќи за ГП А56.15 и ГП А56.16 во опфат на Измена и дополнување на ДУП за град Кочани, КО Кочани, Општина Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.