Врз основа на чл.22 ст.1 т.6 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), а во врска со чл.5 од Правилникот за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани – Пречистен текст бр.09-332/2 од 31.01.2022 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.1/2022) и во согласност со Програмата за спорт на Општина Кочани за 2025 година, Градоначалникот на Општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани на ден 27.02.2025година распишува и објавува
К О Н К У Р С
за доделување 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на општина Кочани
Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2024- та година.
Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист
Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.
Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2025 година.
Исплатата на стипендијата ќе се врши почнувајќи од месец март и завршува со месец декември 2025 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2025 година.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ
Право на стипендија имаат кандидати кои се:
- Жители на Општина Кочани;
- На возраст од 17-20 години;
- Членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенција за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт;
- Членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории;
- Спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена ранг листа на најуспешните млади спортисти до20 години од страна на меѓународна спортска федерација;
- Спортисти во екипни спортови врз основа на составот на Репрезентациитедо 20години според утврдена ранг листана најуспешните млади спортисти до20години од соодветниот спорт, подготвени од националните спортски федерации;
- „Учесници на национални или меѓународни систем натпревари во некои од следните спортови:
- Aтлетика
- Автомобилизам
- Моторциклизам
- Картинг
- Бадминтон
- Бокс
- Борење
- Велосипедизам
- Ватерполо
- Воздухопловство
- Веслање
- Гимнастика
- Едрене
- Кајак на диви води
- Кајак на мирни води
- Карате
- Кик Бокс
- Коњички спорт
- Кошарка
- Куглање
- Мечување
- Одбојка
- Пливање
- Пинг понг
- Параглајдерство и змејарство
- Пеливантсво
- Ракомет
- Скијање
- Спортски риболов
- Стрелаштво
- Стреличарство
- Спорт за инвалидизирани лица
- Тенис
- Триатлон
- Таеквондо
- Фудбал
- Џудо
- Шах.
Стипендијата- спортска надеж на општина Кочани не може да се доделува два пати последователно, односно во две последователни календарски години на ист спортист на кој претходната година му била доделена ваква стипендија.
По исклучок од горенаведениот став, стипендијата – спортска надеж на општина Кочани може да се додели на ист спортист на кој претходната година му била доделена ваква стипендија доколку во постапката е поднесена само една прифатлива пријава за стипендија.
- II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ:
За доделување на стипендијата се утврдени следните критериуми:
- За учество на национални систем натпревари 5 бода;
- За освоено место на национални систем натпревари:
– I место 15 бода;
– II место 10 бода;
– III место 5 бода;
- За учество на меѓународни систем натпревари 10 бода;
- За освоено место на меѓународни систем натпревари:
– I место 20 бода;
– II место 15 бода;
– III место 10 бода;
- За приложен Календар со предвидени идни учества на спортски натпревари во национални или меѓународни системи 10 бода.
III. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ
III.1. Потребни документи за пријавување: За аплицирање по објавениот конкурс потребно е кандидатот да поднесе:
- Пријава со назнака: „Пријава по Конкурс за доделување стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани “ – (кандидатот го пополнува образецот на пријава дадена кон Конкурсот),
- Кратка биографија на кандидатот – CV ,
- Фотокопија од Решение за упис во регистерот на Агенцијата за млади и спорт на спортското друштво, клубот или асоцијацијата каде членува кандидатот,
- Фотокопија од лична карта на кандидатот,
- Изјава за давање согласност за користење на лични податоци,
- Уверение од Националната спортска федерација (НСФ) за постигнати резултати на кандидатот во спортски натпревари од републички или меѓународен карактер;
- Календар од Националната спортска федерација (НСФ) за планирани идни учества на кандидатот на спортски натпревари од национален или меѓународен карактер (доколку има);
- Доказ (сертификати/дипломи) за учество на национални и/или меѓународни натпревари,
- Доказ (сертификати/дипломи) за постигнати резултати и усвоено 1-во, 2-ро или 3-то место на на национални и/или меѓународни натпревари,
- Копија од трансакциска сметка.
III.2.Рок за поднесување на пријави: Пријавите се доставуваат најдоцна до 10.03.2025 година до 15:30 часот. Секоја пријава поднесена после утврдениот рок за поднесување на пријави ќе се смета за задоцнета и нема да биде предмет на разгледување.
III.3.Начин на поднесување на пријава: Пријавите со документите се поднесуваат во определениот рок наведен во распишаниот Конкурс за доделување на стипендии на спортисти- спортска надеж на општина Кочани, на еден од следните начини за поднесување:
- во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,
- по пошта на адреса: Општина Кочани ул.„Раде Кратовче“ бр. 1, 2300 Кочани или
- по електронски пат преку апликацијата мЗаедница, со тоа што при прикачување на пријавата за стипендија во електронската апликација подносителот е должен да ги скенира и задолжително да ги прикачи документите кои се бараат за исполнување на условите за доделување на стипендија.
Ако подносителот на пријавата за стипендија не ги прикачил согласно Конкурсот сите потребни документи на електронската апликација мЗаедница или истите се делумно прикачени ќе се смета дека истиот не успеал да докаже дека ги исполнува во целост условите за добивање на стипендија и комисијата ќе ја отфрли оваа пријава како неприфатлива.
- СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
Постапката за доделување стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани ја спроведува комисија формирана од Градоначалникот, која ги разгледува пристигнатите пријави и за својата работа води записник кој го доставува до Градоначалникот во кој е утврдена ранг листа на прифатливи пријави.
Комисијата некомплетните и неблаговремените пријави не ги разгледува.
Градоначалникот врз основа на утврдената ранг листа донесува одлука за доделување стипендии на спортисти – спортска надеж на општина Кочани.
Градоначалникот донесува одлука за доделување на стипендија или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на пријавите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на пријавите.
Градоначалникот може да ја поништи постапката за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани ако не е поднесена ниту една пријава или ниту една прифатлива пријава.
За Одлуката за доделување на стипендија или за поништување на постапката писмено се известуваат кандидатите, во рок од три дена од денот на донесување на одлуката на Градоначалникот.
Со кандидатот на кој му е доделена стипендијата- спортска надеж на општина Кочани ќе биде склучен посебен Договор со кој подетално ќе се утврди начинот и условите за користење на стипендијата.
- ПРАВНА ЗАШТИТА
Против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од три дена од приемот на одлуката.
Приговорот се поднесува до Градоначалникот на Општина Кочани.
- Дополнителни информаци
Заинтересираните кандидати дополнителни информации во врска со оваа постапка може да се побарат во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани.
VII. Правни одредби
Постапката за доделување на 2 (две) стипендии на спортист – спортска надеж на општина Кочани е уредена со објавен на веб страната на Општина Кочани http://www.kocani.gov.mk/.
Постапката за доделување на 2(две) стипендии на спортист – спортска надеж на општина Кочани се спроведува согласно чл.22 ст.1 т.6 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), согласно одредбите од Пречистен текст на Правилникот за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани бр.09-332/2 од 31.01.2022 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.1/2022) и во согласност со Програмата за спорт на Општина Кочани за 2025 година