На 14 февруари во Кочани се одржаа работна средба и јавна консултација за изработка на план за одржлива урбана мобилност за Кочани. Активностите се дел од Проектот за поврзување на локалните патишта што се реализира во соработка со Министерството за транспорт, со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој.

Главната цел на проектот е да се подобри пристапноста, одржливиот начин  на транспорт, безбедноста во сообраќајот во урбаните средини и да се унапреди квалитетот за живеење. Методологијата за изработка на плановите ја претставија стручни консултанти од компании од Италија и Турција.

Изработка на плановите ќе трае една година, а потоа уште една година ќе се работи на јакнење на јавната свест и унапредување на условите во сообраќајот во урбаните средини.

Кочани е една од петте општини во државата каде што се реализира овој проект.