Во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој, Општина Кочани работи на развој на планови за одржлива урбана мобилност и обезбедување обука за изработка и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност.

За таа цел в петок, 14 февруари 2025 година, со почеток во 13 ч., во салата на вториот кат во Мултикултурниот центар ќе се одржи првата јавна консултација за подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието на животната средина.

Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица да присуствуваат на јавната консултација.