Општина Кочани го започна учеството во проектот од програмата Еразмус +, D Days, заедно со партнери од Грција, Португалија и Хрватска.
Проектот има за цел креирање на стратегија и учество во активности за подобрување на целокупниот живот на лицата со попреченост.
Активностите се однесуваат на заедничко учество на лицата со попреченост со други нивни врсници со практикување спорт, уметност, јога и драма.