На 24 јануари 2025 година, во салата на вториот кат во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ја одржа 58. седница, на која беше донесена Одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година, како и Одлука за кофинансирање на Проект за реконструкција на дел од ул. „Бел камен“ во Кочани.

Советот го усвои Извештајот за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2024 година и Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал во 2024 година.

Советот го верификуваше мандатот на новиот состав на Локалниот младински совет на Општина Кочани, а ги усвои и збирните извештаи односно елаборатите за процена на штетите од поплавата на 25 јуни 2023 година и градот на 23 јули 2023 година на подрачјето на Кочани.

Од делот на урбанизмот, Советот го утврди Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17.

Советот ги прифати Информацијата за чистењето на одводните канали и речните корита во 2024 година и Планот за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на Кочани за 2025 година, како и Информацијата за пошумување и заштита од ерозија.

Мнозинството во Советот нe даде согласност на одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ за зголемување на цената на метар кубен геотермална вода, а не го усвои и Плaнот за работа на КЈП „Водовод“ во 2025 година.