Со изборот што го направи Асоцијацијата на новинари од Кочани, за најдобар спортист на Кочани е прогласен каратистот Филип Стојанов од КК „Партизан“. На второто место се најде гимнастичарот Мартин Андонов (КГС „Кочани“), а на третото место Наталија Карова (КК „Кочани“).
Во категоријата млади надежни спортисти сите пријавени кандидати добија признанија за постигнатите успеси: Алексеј Ристов, Душанка Ристова, Илина Костадинова (КК „Кочани“); Павел Темелков, Даријан Павлев, Јован Илијев (БК „Спартак“); Иларија Цветкова, Матеј Постолов, Лука Естатиевски (КГС „Кочани“); Ванеса Давиткова, Марија Ефтимова, Ива Иванова, Ања Стојмиловска (ЖФК „Кочани“); Јован Николов (ФК „Младост-Тошев“); Никола Дончев (ФК „Фудбал старс“), Вероника Коцева (ЖФК „Фудбал старс“); Јован Прошев, Дамјан Арсов, Божидар Трајчев, Имрен Саидова и Никола Атанасов (КК „Партизан“).
Ана Ајтовска (КГС „Партизан), Филип Ангелов (БК „Спартак“), Јован Арсов и Владимир Трајков (КК „Партизан“), номинирани во категоријата Спортист на годината, кои поради возраста не ги исполнија условите да бидат кандидати за спортист на годината, добија плакети.
Во категоријата најдобар спортски работник признанието го доби Столе Тошев од ФК „Младост – Тошев“ од Оризари, за најдобар тренер беше прогласен Зоран Сребренов од БК „Спартак“, а за најдобар клуб – Карате клубот „Кочани“.
На манифестацијата што се одржа во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ настапи оркестарот со традициски инструменти при ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.