На 24 јануари 2025 година, петок, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 58. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Предлог-план за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, во учебната 2025/26 година
  2. Програма за екскурзии, излети и другите вонучилишни активности на учениците на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани за учебна 2024/25 година
  3. Извештај за извршен попис на Општина Кочани за 2024 година
  4. Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
  5. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2024 година
  6. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
  7. Информација за пошумувањето и заштитата од ерозија на подрачјето на општина Кочани
  8. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2025 година
  9. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани, бр. 02-413/3 од 27.12.2024 година, за промена – зголемување на  цената на метар кубен геотермална вода
  10. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал од 2024 година
  11. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
  12. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2024 година
  13. Предлог-одлука за верификација на членови  на Локален младински совет на Општина Кочани
  14. Предлог-одлука за кофинансирање при имплементација на Проект за реконструкција на дел од ул. „Бел камен“ во Општина Кочани
  15. Предлог-одлука за усвојување Збирен  извештај – елаборат за процена на штета од природна  непогода: поплава што го зафати подрачјето на општина Кочани на 25.6.2023 година
  16. Предлог-одлука за усвојување Збирен  извештај – елаборат за процена на штета од природна  непогода: град што го зафати подрачјето на општина Кочани на 23.7.2023 година
  17. Предлог-одлука за проширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 1356 и КП бр. 1357, КО Пантелеј; КП бр. 4545, КО Полаки; КП бр. 842 и КП бр. 3235, КО Бели и КП бр. 37/2, КО Лешки, кои се изградени надвор од планскиот опфат
  18. Предлог-одлука за утврдување на Детален урбанистички план за градска четврт 17, Општина Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.