1. седница на Советот на Општина Кочани која започна на 19 декември 2024 година година, по усвојувањето на дневниот ред, дополнет со Информација за состојбата на Градската депонија во Кочани, поради немање услови за работа беше прекината. Претседателот на Советот Лазо Митев предложи нејзино продолжение на 23 декември. 

На продолжението на 56. седница со 17 гласа беше усвоен заклучокот со кој се задолжува КЈП  „Водовод“  – Кочани да ја применува и почитува Одлуката за престанување на   донесување и на депонирање комунален отпад од соседните општини Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и од други општини.

Советот ги усвои финансиските планови на општинските основни и средни училишта  за 2025 година и побара од Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да ја разгледа можноста за намалување на висината на цената за вода за основните и средни училишта и да го информира Советот за тоа.

Советот го усвои финансискиот план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ за 2025 година и побара износите од по 60.000 денари од двете ставки за патување во странство, да се пренаменат, односно да се додадат во ставката за храна на децата.

Беше усвоен и финансискиот план на ЈОУ Библиотека „Искра“ за 2025 година, Програмите за спорт, култура и за поддршка на образованието, за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици, како и Планот за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2025 – 2027 година.

На 56. седница Советот донесе одлука за отпочнување со работа на објектот „Детелинки“ во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“ во  Кочани.