Во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, синоќа Основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани го заокружи овогодишното издание на Новогодишниот концерт, годинава под наслов „Музичката работилница на Дедо Мраз“.
Учесниците организирани во хорови и оркестри изведоа класични и популарни дела со новогодишни и божиќни мотиви.
Под покровителство на Општина Кочани, со спонзорство на „ИНТ-груп“ и со поддршка од наставниците, родителите, граѓаните и повеќе општествено одговорни компании, беше упатена прекрасна празнична честитка.
Училиштето „Ристо Јуруков“ е првото основно музичко училиште во државата кое во 2000 година самоиницијативно ја почна традицијата за организирање новогодишен концерт, ширејќи ја на тој начин музичката култура и мотивирајќи ги најмладите за музичко образование и воспитание.