На 19 декември 2024 година, четврток, во 14 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 56. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2025 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2025 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надоместок на изградена водоводна мрежа по улици во Кочани и изградена фекална и канализациска мрежа во 2022 и 2023 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за поддршка на образованието на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП В12.6, (КП 15844 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Предлог-одлука за давање на трајно користење, одржување и управување без надоместок, на oбјектот „Детелинки“ со седиште во Кочани на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, Општина Кочани
- Предлог-одлука за проширување на програмата за вршење на дејноста во објектот „Детелинки“ во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани
- Предлог-одлука за отпочнување со работа на објектот „Детелинки“ во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани
- Предлог-одлука за престанок на користење на просторија (канцеларија), во објект, сопственост на Општина Кочани и враќање во сопственост и владение на Општина Кочани
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2025 –2027 година.
На крајот на седницата ќе се расправа по Нацрт-буџет на Oпштина Кочани за 2025 година.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.