В сабота, 14 декември 2024 година, со почеток во 17 ч., во салата на Советот на Општина Кочани на вториот кат во Мултикултурниот центар, ќе се одржи јавна расправа за Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион, проект од програмата ИПА 2.

Целта на јавната расправа е да биде патоказ за затворање на Градската депонија во Кочани и за отворање на регионалната депонија во Мечкуевци.

На јавната расправа ќе присуствуваат претставници од Министерството за животна средина  и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, КЈП „Водовод“ и од Центарот за социјални работи – Кочани.

Општина Кочани ги повикува заинтересираните граѓани и здруженија да дадат активен придонес на расправата.