На 4 декември во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ја одржа 55. седница, на која членовите одлучуваа по 30 точки.
Дополнително од најавениот дневен ред, Советот донесе одлука за финансиска поддршка на семејствата во социјален ризик во Старата касарана и го формира Надзорното тело за вршење мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третман на отпад, коешто се состои од 11 члена: граѓански активисти, членови на Советот на Општина Кочани и претставници од општинската администрација и КЈП „Водовод“.
Советот донесе одлука за измена на распоред на средства и проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за тековната година, а донесе одлука за учество на Општина Кочани во финансирање на реконструкција на дел од ул. „Бел камен“ во рамките на Проектот за поврзување со локални патишта во Република Северна Македонијa.
На 55. седница Советот ги усвои програмите за 2025 година од областа на социјалната, детска и здравствена заштита, од комуналните дејности и урбанизмот.