Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 150 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.

По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија општинска делегација предводена од градоначалникот Љупчо Папазов, директорката Милева Богданова со вработени во училиштето и ученици.

По повод празникот на училиштето, во петокот во Спортската сала во Оризари беше приредена богата свечена програма.