Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ Јованка Ефтимова и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани го потпишаа договорот за соработка за проектот Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки за учебната 2024/25 година.
Со проектот Инклузија на деца Роми во предучилишно образование се ослободуваат од партиципација децата Роми од семејства во социјален ризик.
Според заклучокот на Владата, за 2024/25 година во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани можност за ослободување од партиципација ќе имаат 20 деца Роми на возраст од 3 до 6 години.