Општина Кочани упатува апел до граѓаните и здруженијата коишто го блокираат патот кон Градската депонија во Кочани, целосно да ја отстранат блокадата за да може КЈП „Водовод“ непречено да врши транспорт и  депонирање на комуналниот отпад.

Натамошната блокада на патот ќе придонесе за создавање нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава на епидемиски заболувања во Кочани.