В понеделник, 28 октомври 2024 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 53. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Програми за изведување ученички екскурзии и излети и други вонучилишни активности за учебната 2024/2025 година на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ – Кочани
- Предлог-програма за именување и дополнување на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2024 година, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за тековно одржување на јавното осветлување во Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2024 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
- Програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за сообраќај на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-план за изменување на План на програми за развој на општина Кочани за период 2024 – 2026 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година (ребаланс)
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за периодот трет квартал 2024 година.
Педесет и третата седница на Советот на Општина Кочани ќе се одржи во салата на Советот во Мултикултурниот центар во Кочани.