Стручните служби и воспитувачите од предучилишните установи од регионот го завршија првиот циклус од обуката за стекнување знаења и компетенции за предучилишно инклузивно образование.

Во организација на Проектната единица при Министерството за социјална политика, демографија и млади, присутните имаа можност да ги следат предавањата и искуствата од хрватскиот експерт Дарко Кобетиќ на тема „Инклузија и средина за учење“.

Обуката ја следеа кадри од градинките во Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.