Во рамките на активностите од 33. „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена изложбата на дела изработени на Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024.
Ликовните дела беа насликани во септември, на Пониква, од млади сликари, под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги поздрави младите уметници, им честита за нивните прекрасни дела и им додели благодарници.
Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.