Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се одржа Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани.

Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Учесниците во дефилето со свои настапи учествуваат во културно-забавната програма на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, а дел од нив со свои штандови се претставуваат пред јавноста во Паркот на револуцијата.