Врз основа на точките I, II, IV и VI од Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ „Св.Кирил и Методиј“ -Кочани, ООУ„Никола Карев“- Кочани, ООУ „Крсте П.Мисирков“-Оризари, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани донесена од Советот на Општина Кочани под број 09-819/1 од 06.04.2023 година („Службен гласник на Општина Кочани бр.4/2023, бр.5/2023 и бр.9/2023“) и согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување на салите бр.09-2231/1 од 15.12.2023година  ООУ„Крсте П.Мисирков“–Оризари, Кочани на ден 01.10.2024 година објавува

ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК

за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на салата

во ООУ „Крсте П. Мисирков“– Оризари ,Кочани

 

  1. Предмет на овој јавен повик е: Учество на јавно наддавање за распределба на термините за користење на салата во ООУ „Крсте П.Мисирков“– Оризари Кочани.

За користење на салата во ООУ „Крсте П.Мисирков“ – Оризари ,Кочани се распределуваат следните термини :

 

Работни денови : Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
1 термин од 18:30 до 19:30 часот од 18:30 до 19:30 часот од 18:30 до 19:30 часот од 18:30 до 19:30 часот од 18:30 до 19:30 часот
2 термин од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот
3 термин од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот
4 термин од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот

 

  1. Почетна цена на наддавање:

Надоместокот за користење на салата за спортските здруженија односно клубови ќе се плаќа од тренинг односно за време од 90 минути, а за рекреативците за време од 60 минути.

  • За спортските здруженија (клубови): по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари.
  • За група рекреативци: по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари.
  1. Ден и место на одржување на јавното наддавање
    • Јавното наддавање ќе се одржи на ден 04.10.2024 година во салата за состаноци во ООУ „Крсте П.Мисирков“Оризари ,Кочани со почеток во 12:30 часот.

Јавното наддавање ќе го спроведе Комисија формирана од директорот на училиштето. За јавното наддавање комисијата ќе води записник кој ќе го достави до директорот на училиштето.

  1. Услови за учество на јавното наддавање и уплата на депозит:
    • На јавното наддавање можат да се јават само спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари.

Доколку нема заинтересирани клубови кои се натрпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.

  • За да може да учествува на јавното наддавање секој понудувач треба да уплати депозит во износ од 4.000,00 денари на сметката на училиштето и тоа на :

Сметка на буџетски корисник 7360105193-787-17

Приходно конто 723116

Програма Н1(N1)

  • Ако понудувачот нема уплатено депозит нема право да учествува на јавното наддавање.
  • Доколку најповолниот не го склучи договорот со директорот на училиштето за користење на салата за термините за кој понудил највисока цена го губи правото да му се врати депозитот.
  • Минимален чекор на наддавање изнесува 100 денари

5.Документи кои се поднесуваат:

  • Пријава за учество (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот),
  • Доказ (ууплатница за уплатен депозит)

6.Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е: Пријавата за учество на јавно наддавање се поднесува до Комисијата за јавно наддавање во ООУ „Крсте П.Мисирков“ Оризари ,Кочани  до 04.10.2024  година до 11:00 часот

 

НАПОМЕНА: СОГЛАСНО НОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА  ОД МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2023 ГОДИНА ДОНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ СЕ ПРЕДВИДУВА ДЕКА СИТЕ ОНИЕ КОИ ОДБИЛЕ ДА СКЛУЧАТ ДОГОВОР НА ПРЕТХОДНОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ИЛИ ИСТИОТ БИЛ РАСКИНАТ ПО НИВНО БАРАЊЕ НЕМААТ ПРАВО ЕДНА ГОДИНА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ЈАВНИТЕ НАДДАВАЊА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ТЕРМИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА САЛАТА ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОЕ СЕ ОТКАЖАЛЕ.

Во прилог

-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта

Оризари, Кочани 01.10.2024 година Комисија за јавно наддавање

Претседател

 

 

 

 

 

ПРИЈАВА