В понеделник, 30 септември 2024 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 52. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2023/24 година
- Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2024/25 година
- Барање за формирање паралелка со помал број ученици во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари – Кочани, во с. Прибачево
- Барање согласност за формирање три паралелки во прво одделение со помал број ученици во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“–Кочани и комбинирана паралелка со ученици од прво до трето одделение во ПУ во с.Бели
- Полугодишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2024 година
- Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за воспитната 2023/24 година
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за воспитната 2024/25 година
- Годишен план за вработување на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата и проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управен одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани од редот на вработените
- Предлог-решение за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 5967/1 КО Тркање и КП бр. 1510/1 КО Горни Подлог, кои се изградени надвор од плански опфат
- Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 16519, КП бр. 11122, КП бр. 4738/1, КП бр. 9985/1 и КП бр. 4766/3 КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое се изградени објектите утврдена во важечката урбанистичко-планска документација.
- Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградениот објект на КП бр. 926/1 и КП бр. 927/1 КО Пантелеј, КП бр. 1011 КО Тркање и КП бр. 3877 КО Полаки, кои се изградени надвор од плански опфат.
Педесет и втората седница на Советот на Општина Кочани ќе се одржи во салата на Советот во Мултикултурниот центар во Кочани.