Во рамки на Програмата за поддршка на образованието за 2024 година, Општина Кочани обезбеди 268 училишни пакети со прибор за сите првооделенци во основните кочански училишта.

Општина Кочани обезбеди и 225 пакети со училишен прибор и ранец за ученици 1 до 9 одделение кои се под социјален ризик, согладно доставените списоци од училиштата до Општината.

Денеска градоначалникот ги посети дел од учениците во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Малина Попиванова“.