Познатите македонски писатели за деца и млади Киро Донев и Горјан Петревски гостуваат во Кочани.
Денеска тие имаа средби со ученици од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“, пред кои претставија дел од своето творештво.
– Целта на литературниот караван што го организира Општина Кочани е да се поттикне љубовта кај најмладите кон литературата. Средбите со признатите литерати Киро Донев и Горјан Петревски досега докажуваат дека се посебен и незаборавен настан за нашите основци – соопшти Голубинка Георгиева од Одделението за јавни дејности од Општина Кочани.
На средбата со учениците, гостите имаат можноста да разговараат со публиката и да одговараат на нејзините прашања.
Во рамките на Литературниот караван, утре, на 24 ноември, во 12 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде промовиран новиот роман за деца од Киро Донев, „Јамболија што лае“.