Викендов се одржа традиционалниот 44. Богородичен младински фудбалски турнир на фудбалското игралиште во Долни Подлог, во кој учествуваа вкупно 13 фудбалски екипи.

Финалето се одржа меѓу фудбалските екипи на Долни Подлог и Грдовци, каде победничкиот пехар го понесе фудбалската екипа на Долни Подлог.

Второто место и припадна на екипата на Грдовци, а третото место на екипата на ГФК Осогово. Наградите беа во пехари и парични награди, односно за прво место 30.000 денари, 20.000 денари за второ и 10.000 денари за третото место.

Освен прогласените најдобри три екипи, беа прогласени и најдобар фудбалер и најдобар стрелец.