Со посебен пиетет се навраќаме кон херојството на востаниците што ја создадоа Крушевската Република и на втемелувачите на слободната македонска држава од Првото заседание на АСНОМ.
Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, годинава одбележуваме 121 година од славното Илинденско востание и 80 години од Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија.
Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во своја држава и идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество.
Илинден нека остане наша водилка кон просперитетна, успешна и напредна Македонија.
Нека ни е честит Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија!