Членовите на Советот гласаа за измени на Програмата за располагање со државно градежно земјиште и на Програмата за спорт, дадоа согласност на Годишниот план за вработување во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2025 година и за организирање продолжен престој на ученици од I до III одделение во ООУ „Раде Кратовче“ и одобрија финансиска помош на Борачкиот клуб Спартак – Кочани и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.
Советот донесе одлуки за резервирање средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година, како и за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани, а го формира и Локалниот економско-социјален совет на Општина Кочани.
На 49. седница беше усвоен и Збирниот извештај – Елаборат за процена на штета од природните непогоди: поплавата на 25 јуни 2023 година и градот на 23 јули 2023 година на подрачјето на Општина Кочани, а даде согласност за доделување средства по основ на спонзорство.