Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс, Илиноис во Соединетите Американски Држави, потпишаа меморандум за партнерство на општините.

На средбата на градоначалниците беше истакнато дека меморандумот претставува официјална потврда, признание за силните врски на пријателство, културната размена и заемната поддршка воспоставени помеѓу двете локални заедници. Едновремено, партнерството ја симболизира и посветеноста за поттикнување на меѓународнотo разбирање и соработка.

Градоначалникот Гети ќе ја искористи посетата на Кочани да се запознае со потенцијалите за развој и можностите за конкретна соработка на стопански и културен план.

Соработката со американската општина Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, е по иницијатива на кочански иселеници во САД.