Денеска, по иницијатива на Општина Кочани беше реализирана сообраќајна превентивно-едукативна активност под мотото „И јас и ти – сите сме пешаци“.

Претставници од Општина Кочани, МВР ОВР ПС Кочани и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани разговараа со граѓаните во насока за зголемување на сообраќајната култура кај пешаците, почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација.

Пешаците добиваа летоци со едукативна содржина и друг рекламен материјал.