На 12 јули, на Пониква се одржа 17. издание на влашкиот етнофестивал „На Петровден сите на планина“.
Во организација на влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, а со поддршка од Општина Кочани, на настанот учествуваа домашни пејачки групи од Скопје, Крушево и Штип, а настапи и солистот Ристо Лијаковски.
На отворањето на фестивалот, присутните учесници и гости ги поздрави градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста на негувањето на влашката традиција од пределот на Осоговските Планини, каде што во минатото постоеле повеќе влашки села.
Етнофестивалот „За Петровден сите на Планина“ е содржина од културно-забавната програма „Петровден 2024“ што финансиски ја поддржува Општина Кочани.