На 47. седница што Советот на Општина Кочани ја одржа на 14 јуни 2024 година беа усвоени измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Кочани за тековната година, како и Планот за изменување на Планот на програмите за развој.

Членовите на Советот ги усвоија измените и дополнувањата во Програмата за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“, и измените во програмите за: изградба на јавно осветлување; изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти; уредување на градежно земјиште; изградба и одржување на општинските патишта и улици; за изградба на фекална и атмосферска канализација и измените во Програмата за локален економски развој и во Програмата за спорт.

Советот донесе одлука за обезбедување финансиски средства од Буџетот на Oпштина Кочани за преземање итни мерки за заштита од пожари со посебен акцент на Градската депонија и одобри финансиска помош на Здружението за помош и поддршка на  талентирани ученици и на млади „Бистри умови“ од Кочани.

На 47. седница беа донесени и одлуки за сопствено учество на Општина Кочани, односно кофинансирање на проектите „Партерно уредување на ООУ Раде Кратовче“ и „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“.

Советот ги дополни критериумите за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2024 година.