Во организација на Библиотекарското здружение на Република Македонија и Библиотеката „Искра“, на 30 октомври Кочани беше домаќин на 16 Државен натпревар „Млади библиотекари“.
На натпреварот на кој учествуваа 23 ученици од основни училишта од повеќе општини во државата, најдобар резултат постигна Стефан Митиќ, ученик во ОУ „Димо Хаџи Димов“ од Скопје. Второто место го освои Игор Стојков од ОУ „Тодор Јанев“ од Чашка-Велес, а третото место ѝ припадна на Јована Божиновска, ученичка во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово.
Членовите на Комисијата за оценување истакнаа дека сите учесници покажале одлично познавање од библиотекарството и точно одговориле на околу 80% од прашањата. Признанијата на учесниците и на нивните ментори им ги врачи Благоја Николов, претседател на Библиотекарското здружение на Република Македонија.