По повод верскиот празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, посакувајќи им духовен мир и радост.
– Големиот верски празник Курбан бајрам нека биде мотив да ги избираме толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување и со нив да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите граѓани. Верската различност да биде мост што зближува и обединува – стои во честитката од градоначалникот Папазов.