Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ запишува ученици за учебната 2024/25 година.

Деветгодишно музичко образование можат да започнат ученици во прво одделение за  инструментите пијано и виолина, а шестгодишно образование – учениците од четврто одделение за инструментите: хармоника, флејта, гитара, како и за традициски инструменти.

Запишувањето е секој работен ден од 10 до 15 ч., во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“, со Извод од матичната книга на родените и секако – желба на ученикот да учи музика.