Почитувани граѓани на Општина Кочани,
ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!
За разлика од традиционалниот пристап на планирање на мобилноста во градовите овој-партиципативен вид на планирање става посебен акцент на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Оваа анкета е прва во низата чекори со кои локалната самоуправа сака да го слушне Вашето мислење, и со големо внимание да го преиспита секој Ваш предлог. ЗНАЧИ, ЗАЕДНИЧКИ со Вас, локалната самоуправа сака да ја изработи визијата на ИНТЕГРИРАНИОТ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА УРБАНА И РУРАЛНА МОБИЛНОСТ, чија имплементација ќе биде гарант за поздрав и поквалитетен живот на секој граѓанин на Кочани. Ве молиме, да ја искористите оваа прилика и да го пополните овој анкетен прашалник (што нема да Ви одземе повеќе од неколку минути), а ќе дадете мошне значаен придонес кон продолжување на процесот за одржливо Кочани.

Интегрираниот акционен план за урбана и рурална одржлива и мултимодална мобилност ќе се разработи како дел од проектот Beyond the urban финансиран од URBACT IV програмата на ЕУ.

 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScddgMTItQxeZG6Lqn-vsW-LJTX22gwTObSH2OL7hRYmhxQww/viewform  – ЛИНК ДО АНКЕТА