Почитувани Родители,
ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!
Децата се рамноправни учесници во сообраќајот и затоа е потребно да посветиме посебно внимание за нивната безбедност во и околу зоните на нивните градинки и училишта. Воедно посветувајќи внимание на безбедноста во сообраќајот, сакаме да ја истакнеме и поттикнеме важноста за секојдневната употребата на немоторизиран тип на транспорт, како и јавен транспрот од/до училиште. Со поттикнувањето и зголемувањето на колективната свест за користењето на немоторозириан тип на транспрот, како и јавен транспорт како секојдневно превозно средство, а со тоа и истакнувајќи ја важноста за безбедноста во сообраќајот, придонесуваме во зачувување на животната средина, во нашата непосредна околина и пошироко. За разлика од традиционалниот пристап на планирање на мобилноста во градовите овој-партиципативен вид на планирање става посебен акцент на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Оваа анкета е прва во низата чекори со кои локалната самоуправа сака да го слушне Вашето мислење, и со големо внимание да го преиспита секој Ваш предлог. ЗНАЧИ, ЗАЕДНИЧКИ со Вас, локалната самоуправа сака да ја изработи визијата на ИНТЕГРИРАНИОТ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА УРБАНА И РУРАЛНА ОДРЖЛИВА И МУЛТИМОДАЛНА МОБИЛНОСТ, чија имплементација ќе биде гарант за поздрав и поквалитетен живот на секој граѓанин на Општина Кочани и нејзината околина. Ве молиме, да ја искористите оваа прилика и да го пополните овој анкетен прашалник (што нема да Ви одземе повеќе од неколку минути), а ќе дадете мошне значаен придонес кон процесот за одржливо Кочани, посебно што вашите одговори ќе дадат насоки во понатамошните чекори кои ќе бидат превземени во врска со безбедноста во сообраќајот, начинот како то се одвива (со акцент на негово подобрување) како и промоција на различни типови на немоторизиран транспорт во Кочани.
Интегрираниот акционен план за урбана и рурална одржлива и мултимодална мобилност ќе се разработи како дел од проектот Beyond the urban финансиран од URBACT IV програмата на ЕУ.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfH4FavJOdSs2zwnNByQrHExIUhUBmF4tUF0qtVhUH7x_su8Q/viewform – ЛИНК ДО АНКЕТА |