Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано освои втора награда, а Јован Цветанов, под менторство на Душан Стојанов освои трета награда.
Изминатиот период учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ учествуваа на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ во Штип, од каде што се вратија со 15 први, четири втори и една трета награда во дисциплините пијано, гитара и хармоника.
На IX Интернационален фестивал „Полихимниа“ што се одржа на 21 април во Скопје, ОМУ „Ристо Јуруков“ се збогати со уште две втори и една трета награда во дисциплините флејта и пијано.
Постигнатите резултати се доказ за продолжување на традицијата на ОМУ „Ристо Јуруков“ во создавање кавалитетни музички кадри и ширење на музичката писменост и култура.