Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани.
Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“ во Кочани, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи.