На присутните гости им се обрати директорот Александар Андов, кој ги истакна остварените проекти.
– И годинава нашето училиште бележи низа успеси реализирани со проекти како што е уредување на училишната зграда и дворните површини, опрема и материјални ресурси со цел одржување на поквалитетна настава и поголеми резултати на сите ученици. Помеѓу двата патроната го уредивме постоечкиот дневен престој и отворивме нов. Го опремивме училишниот двор со детски игралишта и пристапни патеки. Поставивме клупи за рекреација, паркинг-рампа и обезбедивме дополнителен просторза паркирање. Во иднина приоритет ќе ни биде престојот на учениците и вработените во училиштето, со нови реквизити и опрема – истакна Андов.
Oдбележувањето на патрониот празник продолжува утре, 27 април, со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата, кај с. Тркање и на местото на загинување во месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани.