В петок, 26 април 2024 г., во 19 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде отворена изложбата под наслов „Инфинити“, што ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“.
Во Салонот фоаје на Центарот за култура ќе бидат претставени триесетина ликовни дела на шеснаесет жени уметници од Кочани, Виница и Зрновци.
На изложбата ќе учествуваат: Маја Анастасова Христова, Александра Димитрова, Марија Мицова Гацова, Оливера Атанасова, Васка Сандева, Катерина Деспот, Марија Петрова Фафа, Благица Стојановска, Катица Алексова, Нада Ѕмбова Донева, Драгана Јовевска Канго, Катерина Соколова, Љупка Коцева, Елизабета Зафирова Стојанова, Маријана Иванова и Слаџана Гаврилова. Тие се претставуваат во различни техники: масло на платно, акрил, колаж, комбинирана техника, плакат.
Изложбата ќе биде отворена до 10 мај 2024 г.