Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Општина Кочани денеска учествуваа на работилници на тема врсничко насилство. Психолози со долгогодишно искуство на справување со овој проблем, споделија најразлични едукативни информации за насилството меѓу врсниците, како дел од кампањата на „Макпетрол“ под мотото „Стоп за врсничкото насилство“.
Целта на кампањата е врсничкото насилство да се третира како сериозен проблем во општеството и да се најде начин како да се препознае, а потоа и соодветно да се реагира.
Партнерството меѓу „Макпетрол“ и Општина Кочани се очекува да придонесе за подобрување на состојбата на децата и на младите, на кои врсничкото насилство има директно влијание и остава последици по здравјето.
Работилниците се спроведуваат согласно меморандумот за соработка, со кој Општина Кочани е вклучена во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.