Општина Кочани ги отфрла обвинувањата изнесени на социјалните мрежи од Здружението „Будност“ од Кочани, поврзани со изјавата на координаторката за еднакви можности на жените и мажите Љубинка Ајтовска за емисијата „360 степени“, емитувана на МТВ на 11 април 2024 г., дадена во име на Општина Кочани.
Општина Кочани бара јавно извинување од Здружението „Будност“ за изнесените невистини, клевети и неосновани квалификации за службеничката Љубинка Ајтовска и за Општината како институција.
Доколку Здружението „Будност“ не се извини јавно, ќе бидат преземани последователни законски мерки.