Кочани располага со пет хотели „Але-дар“, „Филипов“, „Национал“, „Ледер“ и „Градче“, од кои три се со категорија три ѕвездички. Според бројот на леглата, хотелот „Гратче“ е најголем – има 60 легла.
Во Кочани има шест мотели: „Мице“, „Eтно караула“, „Осоговски бисер“, „Осоговски конак“, „Дончо“, од кои четири се на Осоговските Планини, еден во Тркање и еден во Оризари. Најмногу легла – 80, има во мотелот „Дончо“ во Оризари.
На Пониква, на падините на Осоговските Планини се наоѓа одморалиштето на МВР кое располага со 80 легла.
На потегот кон вештачкото езеро Гратче, во природен амбиент, се наоѓаат два рибни ресторана.
Во Кочани и населените места има 7 ресторани, меѓу кои со најголем капацитет се „Пролет“ и „Софра“, 14 кафеани и 6 пицерии – сите во блокот „А“ во Трговскиот центар во Кочани.
Трговскиот центар е најголемото седиште на кафе-барови во Кочани.